Презентација на Мулти Секторската Студија / Процес на програмирање на IPA III

Датум на настан: 30.10.2020 11:00

Ќе се организираат две работилници/фокус групи (по една во двете држави) на 30ти октомври 2020, почнувајќи од 11:00 до 13:00 – Презентација на Мулти Секторската Студија / Процес на програмирање на IPA III програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за перспективата на 2021-2027! The training will take place on 26th and 27th of November 2018 in Hotel “Karpos”, Skopje.

Проследувајќи ја работата на двете, Министерство за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерство за Европски прашања и надворешни врски во Република Албанија, како оперативни структури, кои ја извршуваат за подготовките на новата Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија (IPA III) за периодот 2021-2027 година, паралелно ќе се организираат две работилници (по една во двете држави) на 30ти октомври 2020, почнувајќи од 11:00 до 13:00.

Овие состаноци, односно фокус групи ќе се организираат да ја презентираат нацрт верзијата на Мулти Секторската Студија и ќе има дискусии, прашања, одговори и препораки од учесниците и експертите.

Милевски: во наредниот ИПА програмски период ќе реализираме заеднички проекти за подобрување на економијата, туризмот и на заштитата на културното наследство

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во Албанија имаше состанок со Зеф Мази, шеф на преговарачкиот тим за интегрирање во ЕУ и национален ИПА координатор, како и со заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја. Милевски и Мази разговараа за приоритетите во новата Програма за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, во рамките на ИПА III програмскиот период 2021-2027 година како и искуствата од досегашната имплементација на ИПА II. Тема беа и потенцијалните стратешки проекти кои би се финансирале со средства од претпристапните фондови на Европската Унија, наменети за прекугранична соработка, во следниот програмски период до 2027 година.

– За приоритетите се согласивме дека во ИПА III програмата во иднина ќе бидеме фокусирани на два главни теми: економијата и туризмот заедно со културното наследство, а како резервен и додатен приоритет ќе биде и градење на капацитетите на општините, појасни министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Според Милевски двете страни се договориле, половина од средствата да се наменат за финансирање на два стратешки проекти, со другите 50 отсто да се финансираат помали проекти за зајакнување на капацитетите на општините, како и за екологија и туризам.

– Средбата беше успешна, двете страни се задоволни, најдовме заеднички јазик, а во иднина двете земји треба да се развиваат бидејќи и двете земји имаат желба да добијат датум за преговори и да станат дел од Европската Унија, додаде Милевски.