Оглас за слободно работно место за ангажирање експерт/и за спроведување на истражување

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, како оперативни структури на програмата ИПА II за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020, со цел да ги утврдат основните вредности на индикаторите од техничката помош за програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), ќе ангжира релевантни експерти. Основните вредности на индикаторите од техничката помош ќе служат како репер за спроведување сите проектни активности, каде што раководителите на проектот ќе можат да се повикаат заради донесување одлуки во процесот на управување со проектот.

Министерството за локална самоуправа и Министерството за Европа и надворешни работи објавуваат јавен оглас за ангажирање експерти за спроврдување истражување за утврдување на основните вредности на индикаторите од техничката помош за програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II).

  • Експертитетреба да ја дефинираат основната база на веќе утврдените индикатори преку спроведување на истражување со цел да се соберат и анализираат релевантни статистички податоци со кои ќе се утврдат или изменат основните податоци за веќе утврдените индикаторите на Техничката помош на оваа прекугранична програма.
  • Условите за ангажирањетона експертите може да се преземат од следните официјални веб-страници: http://ipacbc-mk-al.net; www.mls.gov.mk; http://punetejashtme.gov.al;

Заинтересираните експерти, кои имаат експертиза за спроведување на истражување за утврдување на основните вредности на индикаторите од техничката помош за програмата за прекугранична соработка, а кои ги исполнуваат бараните услови од овој оглас,треба да достават понуда придружена со следниве документи:

  • Кратка биографија (CV) ангажирани во истражувањето;
  • Копија од дипломи;
  • Копија од сертификати и документи од квалификации;
  • Документ со кој се докажува познавање на англиски јазик (ова не е потребно ако се извршени претходни работни искуства во англиско говорно опкружување);
  • Релевантни работни препораки.

Кандидатите треба да ги достават овие документи во електронска верзија и мора да бидат доставени на следната е-адреса:

jts_mkal@yahoo.com

Рок на аплицирање :

Заинтересираните кандидати мора да ги достават документите за апликација преку е-пошта до 22 . јануари 2021 година во 16:00 часот (GMT + 1)

Само оние апликации што ќе пристигнат до крајниот датум и време на објавувањето ќе бидат разгледани.

Дополнителни информации може да се добијат преку е-пошта до:

dimitar.vanchov@gmail.com ; or

jts_mkal@yahoo.com