Јавен повик – Практикант за програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014 – 2020

ЈАВЕН ПОВИК

 

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворшни работи од Република Албанија, како оперативни структури на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија , во рамките на оваа програма објавуваат јавен оглас за кандидати за следната слободна позиција:

 

  • – 1 практикантво рамките на ИПА Прекугранична програма Република Северна Македонија – Република Албанија ( 1 (еден) за канцеларијата на ЗТС Струга.
  • Описот на работната позиција можете да го превземете од следните официјални веб-странции: http://ipacbc-mk-al.net; mls.gov.mk; http://punetejashtme.gov.al;

 

Кандидатите треба да ги обезбедат следните документи во електронска форма:

  • Кратка биографија (CV) ангажирани во истражувањето;
  • Копија од диплома за завршено образование ;
  • Други документи по желба.

Документите треба да се поднесат преку e-mail на следнава email адреса:

jts_mkal@yahoo.com

Краен рок за испраќање на апликација:

Заинтересираните кандидати нивните апликации да ги испратат, преку email, најдоцна до 09.04.2022 до 15:00 часот.

Ќе бидат разгледувани само апликациите кои ќе пристигнат до крајниот рок за доставување на апликации, од овој оглас.

 

Дополнителни инфомации ќе можете да добиете на следната е-маил адреси:jts_mkal@yahoo.com

 

Terms of Reference – ToR

Повик за ангажирање на Експерт за подготовка на техничките спецификации за тендерот за набавка на два соларни бродови што ќе пловат во Охридското Езеро, обезбедени од грант на ЕУ во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Албанија

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, го објавуваат повикот за ангажирање на експерт(и) за изработка на технички спецификации за тендер за набавка на два соларни бродови што ќе пловат во Охридското езеро, обезбедени од грант на ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

За повеќе информации, ве молиме упатете се во критериумите за работен ангажман (ToR)

Краен рок за поднесување на апликацијата е 31ви Maрт 2022, преку следната електронска адреса: jts_mkal@yahoo.com

Оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охртидското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Северна Македонија – Албанија

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охртидското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија

Повеќе информации за оваа активност можете да најдете во условите за работа / ангажирање на експертите (ToR)

Крајниот рок за доставување на апликациите е 31ви Maрт 2022 година, на следната е-маил адреса:jts_mkal@yahoo.com

Оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват студија за влијанието имплементацијата на стратегискиот проект “Охридското езеро, премостување на две земји кон една дестинација ”во рамките на ИПА прекугранична програма МК-АЛ, врз животната средина

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Државната агенција за стратегиско програмирање и координирана помош од Република Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерт/и кои ќе подготват студија за влианието на имплементацијата на стратегискиот проект “Охридското езеро, премостување на две земји кон една дестинација” во рамките на ИПА прекуграничната програма МК-АЛ, врз животната средина.

Повеќе информации за оваа активност можете да најдете во условите за работа / ангажирање на експерт/ите (ToR)

Крајниот рок за доставување на апликациите е : 31 Maрт 2022 година, на следната е-маил адреса: jts_mkal@yahoo.com

Повик за ангажирање на Експерт за подготовка на техничките спецификации за тендерот за набавка на два соларни бродови што ќе пловат во Охридското Езеро

Повик за ангажирање на Експерт за подготовка на техничките спецификации за тендерот за набавка на два соларни бродови што ќе пловат во Охридското Езеро, обезбедени од грант на ЕУ во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, го објавуваат повикот за ангажирање на експерт(и) за изработка на технички спецификации за тендер за набавка на два соларни бродови што ќе пловат во Охридското езеро, обезбедени од грант на ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

За повеќе информации, ве молиме упатете се во критериумите за работен ангажман.

Краен рок за поднесување на апликацијата е: 19th of July 2021, преку следната електронска адреса: jts_mkal@yahoo.com

Оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охртидското езеро

Оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охртидското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Северна Македонија – Албанија

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охртидското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија

Повеќе информации за оваа активност можете да најдете во условите за работа / ангажирање на експертите (ToR)

Крајниот рок за доставување на апликациите е : 29 јуни 2021 година, на следната е-маил адреса: jts_mkal@yahoo.com

Оглас за ангажирање професори за менторирање на студенти од Универзитетите за уметност

За ангажирање професори за менторирање на студенти од Универзитетите за уметност (за дизајн на облека) во Скопје и Тирана во создавање на традиционални костуми/фустани од регионот со цел валоризирање на целните територии под ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија 2014-2020. Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европски и надворешни врски во Република Албанија, како Оперативни Структури од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија 2014-2020, поддржано од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија, планираат да реализираат неколку настани оваа пролет со цел да ја подигнат јавната свест за програмата преку прикажување на атракциите во регионите поддржани од Програмата, придобивките и можностите, како и проектите финансирани преку истата.

Важна компонента од овој настан за видливост “Прекугранична соработка: Минато. Традиција Иднина. Начинот на кој комуницираме!”,е креирањето на традиционални костуми/фустани со мотиви од прекуграничните региони, од студентите на Универзитетите за уметност во двете држави менторирани од нивните професори.

Активноста цели на селектирање на студенти од државните универзитети во Скопје и Тирана кои ќе земат учество во создавањето на традиционални костуми/фустани со мотиви од прекуграничниот регион со цел валоризирање на целните територии за да ја кренат видливоста на програмата за прекугранична соработка на локално ниво.

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европски и надворешни врски во Република Албанија објавуваат јавен оглас за кандидати:

  • Професори (по еден/на од двете држави) а селекција и менторирање на студенти да дизајнираат и креираат шест (6) традиционални костуми/фустани од со мотиви од прекуграничните региони (по 3 од двете држави) со цел валоризирање на целните територии на Програмата за прекугранична соработка, преку ангажирање на студенти во процесот на зачувување на традициите, како и споделување на културното наследство од прекуграничниот регион
  • Референтните услови може да се прочитаат на следните веб страни: http://ipacbc-mk-al.net ; www.mls.gov.mk; http://punetejashtme.gov.al ;

Рок за апликации:

Заинтересираните кандидати мора да ја поднесат својата онлајн апликација и понуда до датумот наложен во референтните услови, 27миаприл2021 до следнава мејл адреса jts_mkal@yahoo.com.

Апликациите кои нема да го почитуваат рокот за поднесување апликации нема да бидат земени во предвид.

Истражувачки трудови за прекугранична соработка, финансирани од ЕУ, за проекти спроведени во рамките на ИПА 2007-2013 и ИПА 2014 -2020 програма за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, како оперативни структури на ИПА II програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020 , во рамките на оваа прекугранична програма започнува денес, на 12 Март 2021 година, објавуваат натпревар за избор на апликации за подготовка на истражувачки трудови на реализирани проекти финансирани во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија – Албанија за периодот (2007 – 2013) и периодот (2014-2020). Оперативните структури на оваа прекугранична програма се заинтересирани да дознаат како спроведувањето на ИПА прекуграничната програмата помеѓу Северна Македонија и Албанија придонесува за подобрување на животот на жителите во прекуграничната област на оваа програма. На повикот / натпреварот можат да учествуваат апликанти од Северна Македонија и Албанија според критериумите за подобност утврдени во упатствата за овој повик.

Упатствата и образецот за апликацијаза овој отворен повик може да се преземат од следните официјални веб-страници: http://ipacbc-mk-al.net; www.mls.gov.mk; http://punetejashtme.gov.al;

Натпреварувачите за „Договор за доделување истражувачки трудови за прекугранична соработка финансирани од ЕУ “ треба да ги исполнуваат следниве критериуми за подобност за учество:

1. Натпреварувачот мора да биде правно или физичко лице (физички лица кои припаѓаат на универзитет, студент, професор / ментор, итн.).

2. Натпреварувачот мора да биде основан или да биде студент или универзитетски професор во некоја од двете земјите-кориснички.

3. Кога натпреварувачот е правно лице, тоа мора да биде еден од следниве видови правни лица:

  • приватна или јавна високообразовна институција;
  • истражувачки институти или истражувачки организации поврзани со академската заедница.

Другите критериуми за подобност можете да ги најдете во Упатството за апликантите.

Крајниот рок за доставување на пријавите е до полноќ по средноевропско време на 1-ви мај 2021 година.

Оглас за слободно работно место за ангажирање експерт/и за спроведување на истражување

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, како оперативни структури на програмата ИПА II за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020, со цел да ги утврдат основните вредности на индикаторите од техничката помош за програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), ќе ангжира релевантни експерти. Основните вредности на индикаторите од техничката помош ќе служат како репер за спроведување сите проектни активности, каде што раководителите на проектот ќе можат да се повикаат заради донесување одлуки во процесот на управување со проектот.

Министерството за локална самоуправа и Министерството за Европа и надворешни работи објавуваат јавен оглас за ангажирање експерти за спроврдување истражување за утврдување на основните вредности на индикаторите од техничката помош за програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II).

  • Експертитетреба да ја дефинираат основната база на веќе утврдените индикатори преку спроведување на истражување со цел да се соберат и анализираат релевантни статистички податоци со кои ќе се утврдат или изменат основните податоци за веќе утврдените индикаторите на Техничката помош на оваа прекугранична програма.
  • Условите за ангажирањетона експертите може да се преземат од следните официјални веб-страници: http://ipacbc-mk-al.net; www.mls.gov.mk; http://punetejashtme.gov.al;

Заинтересираните експерти, кои имаат експертиза за спроведување на истражување за утврдување на основните вредности на индикаторите од техничката помош за програмата за прекугранична соработка, а кои ги исполнуваат бараните услови од овој оглас,треба да достават понуда придружена со следниве документи:

  • Кратка биографија (CV) ангажирани во истражувањето;
  • Копија од дипломи;
  • Копија од сертификати и документи од квалификации;
  • Документ со кој се докажува познавање на англиски јазик (ова не е потребно ако се извршени претходни работни искуства во англиско говорно опкружување);
  • Релевантни работни препораки.

Кандидатите треба да ги достават овие документи во електронска верзија и мора да бидат доставени на следната е-адреса:

jts_mkal@yahoo.com

Рок на аплицирање :

Заинтересираните кандидати мора да ги достават документите за апликација преку е-пошта до 22 . јануари 2021 година во 16:00 часот (GMT + 1)

Само оние апликации што ќе пристигнат до крајниот датум и време на објавувањето ќе бидат разгледани.

Дополнителни информации може да се добијат преку е-пошта до:

dimitar.vanchov@gmail.com ; or

jts_mkal@yahoo.com