Истражувачки трудови за прекугранична соработка, финансирани од ЕУ, за проекти спроведени во рамките на ИПА 2007-2013 и ИПА 2014 -2020 програма за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, како оперативни структури на ИПА II програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија - Република Албанија 2014-2020 , во рамките на оваа прекугранична програма започнува денес, на 12 Март 2021 година, објавуваат натпревар за избор на апликации за подготовка на истражувачки трудови на реализирани проекти финансирани во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија - Албанија за периодот (2007 - 2013) и периодот (2014-2020). Оперативните структури на оваа прекугранична програма се заинтересирани да дознаат како спроведувањето на ИПА прекуграничната програмата помеѓу Северна Македонија и Албанија придонесува за подобрување на животот на жителите во прекуграничната област на оваа програма. На повикот / натпреварот можат да учествуваат апликанти од Северна Македонија и Албанија според критериумите за подобност утврдени во упатствата за овој повик.

Упатствата и образецот за апликација за овој отворен повик може да се преземат од следните официјални веб-страници: http://ipacbc-mk-al.net; www.mls.gov.mk; http://punetejashtme.gov.al;

Натпреварувачите за „Договор за доделување истражувачки трудови за прекугранична соработка финансирани од ЕУ “ треба да ги исполнуваат следниве критериуми за подобност за учество: .

1. Натпреварувачот мора да биде правно или физичко лице (физички лица кои припаѓаат на универзитет, студент, професор / ментор, итн.).

2. Натпреварувачот мора да биде основан или да биде студент или универзитетски професор во некоја од двете земјите-кориснички.

3. Кога натпреварувачот е правно лице, тоа мора да биде еден од следниве видови правни лица:

  • приватна или јавна високообразовна институција;
  • истражувачки институти или истражувачки организации поврзани со академската заедница.

Другите критериуми за подобност можете да ги најдете во Упатството за апликантите.

Крајниот рок за доставување на пријавите е до полноќ по средноевропско време на 1-ви мај 2021 година.