Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија ќе се спроведе во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II). ИПА II ја поддржува прекуграничната соработка во поглед на унапредување на добрососедските односи, негување на интеграција кон Унијата и унапредување на социоекономскиот развој.
Правните одредби за нејзино спроведување се предвидени во следните делови од законодавството:
- Регулатива (ЕУ) бр. 231/2014 на Европскиот Парламент и Советот од 11 март 2014 година со која се воспоставува Инструментот за прет- пристапна помош (ИПА II);
- Регулатива (ЕУ) бр. 236/2014 на Европскиот Парламент и Советот од 11 март 2014 година со која се поставуваат заедничките правила и постапка за спроведување на инструментите за финансирање над- ворешни дејства на ЕУ и
- Регулатива на Комисијата (ЕУ) бр. 447/2014 од 2 мај 2014 година за конкретните правила за спроведување на регулативата за ИПА II.
Оваа Програма за прекугранична соработка го покрива периодот 2014-2020 година и е поврзана со новата финансиска перспектива на Европската за- едница. Беше создадена врз основа на детална анализа на ситуацијата во областа опфатена со Програмата.
Пограничната област меѓу Република Македонија и Република Албанија е окарактеризирана како една од најсиромашните области и една од области- те со најнеповолни можности и услови за социо-економски развој на целиот европски континент поради руралниот, планинскиот и оддалечениот карак- тер на областа за прекуграничка соработка. Дополнително, тековниот развој на областа, опфатена со Програмата, потекнува од група историски, демо- графски, политички, географски и економски фактори, коишто не можат да се надминат во краток временски период.
Предложената интервенција и активностите произлегуваат од „дрво на проблеми“ комбинирано со стратегиска анализа на билансот на состојбата и ограничените ресурси на Програмата. Таа има за цел справување со најважните проблемски јазли и стратегиска можност, идентификувана преку социоекономска и СВОТ анализа, имено: i) ниско ниво на економска активност пропратено со неусогласеност на понудата и побарувачката на пазарот на труд, ii) неразвиена и застарена инфраструктура и iii) потенцијал за развој на туризмот и културна размена.
Програмата се фокусира на три тематски приоритети од Регулативата за ИПА II, коишто произлегуваат од анализа за потребите и можностите. Тие се:
- Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство (водени од можностите);
- Подобрување на конкурентноста, економијата, трговијата и инвести- циите (водени од потребите и можностите) и
- Заштита на животната средина, унапредување на приспособување- то на климатските промени и миграцијата, заштита и управување со ризик (водени од потребите).
Дознај повеќе: Брошура за програмата 2014-2020