Повик за ангажирање на Експерт за подготовка на техничките спецификации за тендерот за набавка на два соларни бродови што ќе пловат во Охридското Езеро, обезбедени од грант на ЕУ во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Албанија

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, го објавуваат повикот за ангажирање на експерт(и) за изработка на технички спецификации за тендер за набавка на два соларни бродови што ќе пловат во Охридското езеро, обезбедени од грант на ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

За повеќе информации, ве молиме упатете се во критериумите за работен ангажман (ToR)

Краен рок за поднесување на апликацијата е 31ви Maрт 2022, преку следната електронска адреса: jts_mkal@yahoo.com

Оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охртидското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Северна Македонија – Албанија

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охртидското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија

Повеќе информации за оваа активност можете да најдете во условите за работа / ангажирање на експертите (ToR)

Крајниот рок за доставување на апликациите е 31ви Maрт 2022 година, на следната е-маил адреса:jts_mkal@yahoo.com

Оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват студија за влијанието имплементацијата на стратегискиот проект “Охридското езеро, премостување на две земји кон една дестинација ”во рамките на ИПА прекугранична програма МК-АЛ, врз животната средина

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Државната агенција за стратегиско програмирање и координирана помош од Република Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерт/и кои ќе подготват студија за влианието на имплементацијата на стратегискиот проект “Охридското езеро, премостување на две земји кон една дестинација” во рамките на ИПА прекуграничната програма МК-АЛ, врз животната средина.

Повеќе информации за оваа активност можете да најдете во условите за работа / ангажирање на експерт/ите (ToR)

Крајниот рок за доставување на апликациите е : 31 Maрт 2022 година, на следната е-маил адреса: jts_mkal@yahoo.com