Ј А В Е Н О Г Л А С за Службеник за водење на финансии во рамки на ИПА II програмата за прекугранична соработка СМК – АЛ 2014-2020

ПРОГРАМА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА MАКЕДОНИЈА – РЕПУБЛИКА AЛБАНИЈА 2014 – 2020

 Ј А В Е Н   О Г Л А С

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Државната агенција за стратешко програмирање и координација за помош во Република Албанија, како оперативни структури на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија –  Република Албанија, во рамките на оваа програма објавуваат јавен оглас за кандидати за следната  работна позиција:

  • 1 (еден) Службеник за водење на финансии во рамки на ИПА II програмата за прекугранична соработка СМК – АЛ 2014-2020.
  • Опис на работната позиција – Службеник за водење на финансии можете да го превземете од следниот линк: TOR JTS Financial Officer_November 2023

Кандидатите треба да ги обезбедат следните документи:

  • Кратка биографија (CV),
  • Копија од диплома за завршено образование и
  • Соодветни препораки за работно искуство

Документите треба да се поднесуваат преку електронска пошта, на следнава email адреса:  procurement.mls.mkal@gmail.com

Краен рок за испраќање на апликација:

Заинтересираните кандидати своите апликации преку електронска пошта да ги испратат најдоцна 11.12.2023.

Ќе бидат разгледувани само апликациите кои ќе пристигнат до крајниот рок за доставување на апликации, од овој оглас.

Дополнителни инфомации ќе можете да добиете на следната е-маил адреса:

jts_mkal@yahoo.com