Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во соработка со Република Албанија – Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC), во рамки на активностите за имплементирање на ИПА III Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија 2021-2027:
Министерство за локална самоуправа објавува
Јавен оглас
за избор на 1 (еден) службеник за видливост и комуникација во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
За подетални информации кликнете на линкот:TOR Communication and visibility officer
Начин на поднесување на понуда
Вашата понуда, согласно условите наведени во TOR треба да биде доставена по електронски пат на следната е-маил адреса: sonja.jovanoska@mls.gov.mk во рок од 15 дена од денот на објавување, односно најдоцна до 09.12.2025 година до 15:00 часот.
