Јавен оглас за избор на 1 (еден) Раководител на Заеднички технички секретаријат- Струга

Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во соработка со Република Албанија – Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC), во рамки на активностите за имплементирање на ИПА III  Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија 2021-2027:
Министерство за локална самоуправа објавува

Јавен оглас

за избор на 1 (еден) Раководител на Заеднички технички секретаријат- Струга во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

 

За подетални информации кликнете на линкот: TOR Head of the JTS 2025

 

 

 

Начин на поднесување на понуда

Вашата понудата  согласно условите Треба да ја пратите во затворен плик/писмо во рок од 15 дена од денот на објавување,односно  07.05.2025 год до 15:30 часот.Само апликациите кои се пратени навреме се подобни за разгледување.

Документите треба да се достават по пошта или во архивата на Министерството за локална самоуправа на следната адреса:

Министерство за локална самоуправа

Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Северна Македонија

 

За: Соња Јованоска; Понуда за Раководител на Заеднички технички секретаријат- Струга во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

 

Јавен оглас за избор на 1 (еден) Финансиски службеник во рамки на ИПА 3 програмата

Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во соработка со Република Албанија – Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC), во рамки на активностите за имплементирање на ИПА III  Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија 2021-2027:

 

Министерство за локална самоуправа објавува

Јавен оглас

 

за избор на 1 (еден) Финансиски службеник во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

За подетални информации кликнете на линкот: TOR Financial officer

 

 

 

Начин на поднесување на понуда

Вашата понудата  согласно условите Треба да ја пратите во затворен плик/писмо во рок од 15 дена од денот на објавување,односно на 01.04.2025 год до 15:30 часот.Само апликациите кои се пратени навреме се подобни за разгледување.

Документите треба да се достават по пошта или во архивата на Министерството за локална самоуправа на следната адреса:

Министерство за локална самоуправа

Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Северна Македонија

 

За: Соња Јованоска; Понуда за Финансиски службеник во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија..

 

Започна имплементацијата на ИПА3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија

Министерството за локална самоуправа, Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC) на Албанија и Европската Унија, во Охрид официјално го означија почетокот на имплементацијата на  ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, преку која се обезбедени 13,79 милиони евра за проекти, за периодот до 2027 година.

Целта на програмата е промовирање на одржлив развој, заштита на животната средина и социо-економски раст, со фокус на подобрување на прекуграничниот регион преку одржлив туризам, културно наследство и иницијативи за адаптација на климатските промени.

На настанот присуствуваат претставници на општините и на граѓански здруженија од двете држави.Претставниците од Оперативните структури на двете земји, како и од  Делегацијата на ЕУ во Скопје ги информираа учесниците за  целите на програмата, како и за начинот на имплементација. Притоа беше истакнато како корисно искуството  и успехот на програмата од  ИПА вториот програмски период.

Финансирањето е стратегиски поделено меѓу областите заштита на животната средина 6,3 милиони евра, одржлив туризам и културно наследство 6,3 милиони евра, и техничка помош во висина од 1,19 милиони евра за поддршка на имплементацијата на програмата ИПА 3 која има за цел да ги подобри условите на живеење и да создаде нови можности за општините и за граѓаните од пограничниот регион.

Со покривање до 85% од трошоците од страна на ЕУ, оваа иницијатива ја истакнува важноста на соработката во адресирањето на регионалните предизвици и засилување на локалното управување.

Настанот се одржа во Службата за спасување во планини, на Црвениот крст во Охрид, во организација на Заедничкиот технички секретаријат и Антената во Албанија.

Презентација на Мулти Секторската Студија / Процес на програмирање на IPA III

Датум на настан: 30.10.2020 11:00

Ќе се организираат две работилници/фокус групи (по една во двете држави) на 30ти октомври 2020, почнувајќи од 11:00 до 13:00 – Презентација на Мулти Секторската Студија / Процес на програмирање на IPA III програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за перспективата на 2021-2027! The training will take place on 26th and 27th of November 2018 in Hotel “Karpos”, Skopje.

Проследувајќи ја работата на двете, Министерство за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерство за Европски прашања и надворешни врски во Република Албанија, како оперативни структури, кои ја извршуваат за подготовките на новата Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија (IPA III) за периодот 2021-2027 година, паралелно ќе се организираат две работилници (по една во двете држави) на 30ти октомври 2020, почнувајќи од 11:00 до 13:00.

Овие состаноци, односно фокус групи ќе се организираат да ја презентираат нацрт верзијата на Мулти Секторската Студија и ќе има дискусии, прашања, одговори и препораки од учесниците и експертите.

Обука за „Известување и видливост“ според договорите за грантови преку ПС за корисниците на грантови во рамките на ИПА II Програмата за прекугранична соработка

Event Date: 2018-11-26 09:30:00

ЗТС во име на Делегацијата на ЕУ во Македонија и Оперативните структури на Програмата за прекугранична соработка ги покани корисниците на грантот на првиот повик за предлози од оваа програма на обуката за „Известување и видливост“, четврта од серијата обуки што ќе се организираат. во рамките на 1-от CfP на Програмата за ПС ИПА 2 со Албанија. Обуката ќе се одржи на 26 и 27 ноември 2018 година во хотел „Карпош“, Скопје.

Ве молиме кликнете овде за агендата:
Agenda_Reporting_Visibility IPA II CBC GBs MK-AL