Официјален почеток на 3-от повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија

На 01 декември 2020 година, Дејвид Гир, амбасадор на Европската унија во Северна Македонија и Луиџи Сорека, амбасадор на Европската унија во Албанија, официјално ќе го започнат 3-от Повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија. Горан Милевски, министер за локална самоуправа на Северна Македонија и Зеф Мази, главен преговарач / Национален координатор за ИПА на Република Албанија, ќе ги презентираат можностите за финансирање што се достапни во рамките на овој повик до општините од прекуграничната област.

 

Прекуграничната соработка (CBC) е клучен елемент на политиката на ЕУ кон нејзините соседи. Дизајнирана според принципите на моделот на територијална соработка на ЕУ, CBC ја промовира соработката помеѓу земјите на ЕУ и соседните земји кои делат копнена граница или премин преку море. Северна Македонија има воспоставена прекугранична соработка со сите 5 нејзини соседни земји. Досега, 14 проекти во вредност од близу 6 милиони евра беа доделени во текот на ИПА- периодот на програмирање 2014-2020 година (ИПА 2) во рамките на програмата CBC само со Албанија.

Полошкиот, пелагонискиот и југо-западниот регион од македонската страна и Корча, Дибер и Елбасан на албанската страна имаат право да аплицираат во рамките на овој 3 (трет)повик за предлог-проекти. Околу 5 милиони евра се ставени на располагање за проекти со CBC елементи од најмногу 800 000 евра за секој од нив. Тие ќе го поттикнат туризмот притоа промовирајќи го природното наследство, ќе ги поддржуваат локалните бизниси и конкурентноста и ќе помогнат во заштитата на животната средина. Програмата ИПА CBC е кофинансирана од владата.

 

Медиумите се покануваат да го покријат настанот во 11:00 часот

Среднорочна евалуација на IPA CBC програмата Северна Македонија – Албанија

Со цел среднорочно оценување на ИПА 2, тимот за проценка објави три истражувања каде придонесот на корисниците на програмата и заинтересираните страни е клучен.
Подолу се 3-те истражувања.
7-ми декември е утврден како краен рок за анкетите.

Истражување помеѓу договорните корисници на неповратни средства на полето на прекуграничната соработка

Истражување помеѓу апликантите (вклучувајќи ги и неуспешните апликанти)

Истражување меѓу локалните тела на власта

Практикант за програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014 – 2020

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворшни работи од Република Албанија, како оперативни структури на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија, во рамките на оваа програма објавуваат јавен оглас за кандидати за следната слободна работна позиција

  • 1 практикант во рамките на ИПА Прекугранична програма Република Северна Македонија – Република Албанија. (1 (еден) во канцеларијата на ЗТС Елбасан.
  • Описот на работната позиција можете да го превземете од следните официјални веб-странции:http://ipacbc-mk-al.net;mls.gov.mk; http://punetejashtme.gov.al;

Кандидатите треба да ги обезбедат следните документи во електронска форма:

  • Кратка биографија (CV),
  • Копија од диплома за завршено образование

Документите треба да се поднесат преку e-mail на следнава email адреса: jts_mkal@yahoo.com

Краен рок за испраќање на апликација:

Заинтересираните кандидати нивните апликации да ги испратат, преку email, најдоцна до 14.12.2020.

Ќе бидат разгледувани само апликациите кои ќе пристигнат до крајниот рок за доставување на апликации, од овој оглас.

Дополнителни инфомации ќе можете да добиете на следната е-маил адреси: jts_mkal@yahoo.com

За повеќе информации кликнете овде.

Милевски: во наредниот ИПА програмски период ќе реализираме заеднички проекти за подобрување на економијата, туризмот и на заштитата на културното наследство

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во Албанија имаше состанок со Зеф Мази, шеф на преговарачкиот тим за интегрирање во ЕУ и национален ИПА координатор, како и со заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја. Милевски и Мази разговараа за приоритетите во новата Програма за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, во рамките на ИПА III програмскиот период 2021-2027 година како и искуствата од досегашната имплементација на ИПА II. Тема беа и потенцијалните стратешки проекти кои би се финансирале со средства од претпристапните фондови на Европската Унија, наменети за прекугранична соработка, во следниот програмски период до 2027 година.

– За приоритетите се согласивме дека во ИПА III програмата во иднина ќе бидеме фокусирани на два главни теми: економијата и туризмот заедно со културното наследство, а како резервен и додатен приоритет ќе биде и градење на капацитетите на општините, појасни министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Според Милевски двете страни се договориле, половина од средствата да се наменат за финансирање на два стратешки проекти, со другите 50 отсто да се финансираат помали проекти за зајакнување на капацитетите на општините, како и за екологија и туризам.

– Средбата беше успешна, двете страни се задоволни, најдовме заеднички јазик, а во иднина двете земји треба да се развиваат бидејќи и двете земји имаат желба да добијат датум за преговори и да станат дел од Европската Унија, додаде Милевски.

Промовирање и информативни сесии за процесот на консултации за идентификување на идеи за стратешки проекти во рамите на прекуграничната програма за соработка

Cross-border Cooperation Programme North Macedonia – Albania under the Instrument of Pre-accession Assistance (IPA II).

 

Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија, оперативни структури (ОС )на прекуграничната програма за соработка (CBC) помеѓу двете земји во рамките на инструментот за пред-пристапна помош ИПА 2014-2020, организираат четири (4) информативни сесии за процесот на консултации за прибирање на идеи за стратешки проекти во јуни 2019г. Во табелата долу можете да ги видите местата и датумите на одржување на информативните сесии, на процесот на консултации, објавен на веб страните на двете ОС-ри (www.mls.gov.mk; www.punetejashtme.gov.al) како и на веб страната на програмата http://ipacbc-mk-al.net/.

Датум Место / Град Целни групи Време
5 јуни 2019 ЕУ центар, Тирана Министерства, агенции, директорати & општини 11:00-14:00ч
7 јуни 2019 Регионален, совет, Корча Невладини организации 11:00-14:00ч
10 јуни 2019 ЕУ инфо центар, Скопје Министерства, агенции, директорати & општини Министерства, агенции, директорати & општини 12:30-15:00ч
11 јуни 2019 Општина Тетово, Тетово Невладини организации 11:00-14:00ч

 

  • 31 Мај 2019

5. прослава на Денот на Европската Територијална Соработка – IPA CBC MK-AL

5. прослава на Денот на Европската Територијална Соработка – IPA CBC MK-AL Министерството за локална самоуправа, Скопје, во соработка со Министерството за евро-интеграции – Тирана, оперативни структури одговорни за имплементација на ИПА Програмата за прекугранична соработка, организираа Саем на ракотворби. Саемот се одржа на 10 ноември, во хотелот „Дрим“ во Струга, како дел од 5. прослава на Денот на Европската Територијална Соработка (ETCD).

На овој саем, прв од ваков вид, кој побуди исклучителен интерес кај изработувачите на ракотворби од двете земји, учестуваа гости од подобната област која ја покрива оваа програма: Пелагонискиот, Полошкиот и Југоозападниот регион, како и регионите на Дибер, Елбасан и Корча во Република Албанија. На оваа прослава учесниците, излагачите и посетителите имаа можност да добијат податоци и информации за тековната

Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија 2014-2020 од претставници на Министерството за локална самоуправа, ЕУ Делегацијата во Скопје и Заедничкиот технички секретаријат на Програмата со седиште во Струга, а во рамки на културно-уметничкиот дел на програмата свои настапи имаа и ученици од Државното музичко училиште во Струга како и културно уметничките друштва „Илинден“ и „Rrezet e Strugës”.

Во рамки на овој саем беа прогласени и првите 3 најдобри видео предлози oд Конкурсот за најкреативно кратко видео на тема: „5 причини зошто сакам да ја посетувам мојата соседна земја!“ Беа најавени.

Конкурсот кој беше објавен на 28 септември и траеше до 31 октомври, се однесуваше на кратки селфи-видеа (со времетраење од максимум 60 секунди) каде сите заинтересираните учесници на креативен начин можеа да ги наведат кои се нивните 5 видувања (лични причини) зошто сакаат да ја посетуваат соседната земја.

Cross border Crafts Fair
Конкурс за најкреативно кратко видео