Започна имплементацијата на ИПА3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија

Министерството за локална самоуправа, Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC) на Албанија и Европската Унија, во Охрид официјално го означија почетокот на имплементацијата на  ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, преку која се обезбедени 13,79 милиони евра за проекти, за периодот до 2027 година.

Целта на програмата е промовирање на одржлив развој, заштита на животната средина и социо-економски раст, со фокус на подобрување на прекуграничниот регион преку одржлив туризам, културно наследство и иницијативи за адаптација на климатските промени.

На настанот присуствуваат претставници на општините и на граѓански здруженија од двете држави.Претставниците од Оперативните структури на двете земји, како и од  Делегацијата на ЕУ во Скопје ги информираа учесниците за  целите на програмата, како и за начинот на имплементација. Притоа беше истакнато како корисно искуството  и успехот на програмата од  ИПА вториот програмски период.

Финансирањето е стратегиски поделено меѓу областите заштита на животната средина 6,3 милиони евра, одржлив туризам и културно наследство 6,3 милиони евра, и техничка помош во висина од 1,19 милиони евра за поддршка на имплементацијата на програмата ИПА 3 која има за цел да ги подобри условите на живеење и да создаде нови можности за општините и за граѓаните од пограничниот регион.

Со покривање до 85% од трошоците од страна на ЕУ, оваа иницијатива ја истакнува важноста на соработката во адресирањето на регионалните предизвици и засилување на локалното управување.

Настанот се одржа во Службата за спасување во планини, на Црвениот крст во Охрид, во организација на Заедничкиот технички секретаријат и Антената во Албанија.

Јавен повик за ангажирање на службеник за комуникации и видливост во рамки на ИПА 2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија – Република Албанија 2014 – 2020

ПРОГРАМА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА MАКЕДОНИЈА – РЕПУБЛИКА AЛБАНИЈА 2014 – 2020

 

Министерство за локална самоуправа објавува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

 

За пријавување на кандидати за слободните работни позиции:

 

  • 1 (еден) Службеник за комуникација и видливост во рамки на ИПА II програмата за прекугранична соработка МК – АЛ 2014-2020.

 

Oпис на работните позици можете да најдете на следните документи:

 

 

Кандидатите треба да ги обезбедат следните документи:

 

  • Кратка биографија (CV),
  • Копија од диплома за завршено образование и
  • Соодветни препораки за работно искуство

 

Документите треба да се поднесат преку електронска пошта (email), на следнава email адреса: :  procurement.mls.mkal@gmail.com.

 

Краен рок за испраќање на апликација:

 

Заинтересираните кандидати своите апликации преку електронска пошта да ги испратат најдоцна до 09.01.2023.

 

Ќе бидат разгледувани само апликациите кои ќе пристигнат до крајниот рок за доставување на апликации, од овој оглас.

 

Дополнителни инфомации ќе можете да добиете на следната е-маил адреси:

jts_mkal@yahoo.com

Ј А В Е Н О Г Л А С за Службеник за водење на финансии во рамки на ИПА II програмата за прекугранична соработка СМК – АЛ 2014-2020

ПРОГРАМА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА MАКЕДОНИЈА – РЕПУБЛИКА AЛБАНИЈА 2014 – 2020

 Ј А В Е Н   О Г Л А С

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Државната агенција за стратешко програмирање и координација за помош во Република Албанија, како оперативни структури на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија –  Република Албанија, во рамките на оваа програма објавуваат јавен оглас за кандидати за следната  работна позиција:

  • 1 (еден) Службеник за водење на финансии во рамки на ИПА II програмата за прекугранична соработка СМК – АЛ 2014-2020.
  • Опис на работната позиција – Службеник за водење на финансии можете да го превземете од следниот линк: TOR JTS Financial Officer_November 2023

Кандидатите треба да ги обезбедат следните документи:

  • Кратка биографија (CV),
  • Копија од диплома за завршено образование и
  • Соодветни препораки за работно искуство

Документите треба да се поднесуваат преку електронска пошта, на следнава email адреса:  procurement.mls.mkal@gmail.com

Краен рок за испраќање на апликација:

Заинтересираните кандидати своите апликации преку електронска пошта да ги испратат најдоцна 11.12.2023.

Ќе бидат разгледувани само апликациите кои ќе пристигнат до крајниот рок за доставување на апликации, од овој оглас.

Дополнителни инфомации ќе можете да добиете на следната е-маил адреса:

jts_mkal@yahoo.com

Оглас за ангажирање на двајца (2) обучувачи за подготовка и реализација на обуки / менторство како дел од ПРОГРАМАТА ЗА ПОДДРШКА НА ОПШТИНАТА, во рамките на тековната техничка помош (ТП) од Програмата за прекугранична соработка ИПА 2014-2020 помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

Оглас за ангажирање на двајца (2) обучувачи за подготовка и реализација на обуки / менторство како дел од ПРОГРАМАТА ЗА ПОДДРШКА НА ОПШТИНАТА, во рамките на тековната техничка помош (ТП) од Програмата за прекугранична соработка ИПА 2014-2020 помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

 

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија  и Државната агенција за стратешко програмирање и координација за помош во Република Албанија, објавуваат конкурс за ангажирање двајца (2) обучувачи за спроведување на обуки/менторство, како дел од ПРОГРАМАТА ЗА ПОДДРШКА НА ОПШТИНАТА, во рамките на тековната Техничка помош на Програмата за прекугранична соработка ИПА 2014-2020 помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

Рокот за поднесување апликација е до 10.10.2023 година, на следната електронска адреса (email): procurement.mls.mkal@gmail.com

Сите дополнителни информации можете да ги проследите на следниот линк: ToR – Trainers under Municipalities Support Programme (MSP

Оглас за ангажирање на Проектен службеник во канцеларијата на антената (Елбасан) на ЗТС Струга, во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020 година

Слободно работно место во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија 2014-2020 година.

Во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија 2014-2020, Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош, ги поканува заинтересираните кандидати да се пријават за следната позиција:

1 (еден) Проектен службеник во канцеларијата на антената  (Елбасан) на ЗТС Струга, во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014-2020 година.

Повеќе информации за описот на работното место и дополнителните барања и квалификации може да се најдат во работните задачи приложени кон ова известување.

Сите кандидати мора да  испратат писмо за изразување на интерес и сите придружни документи по пошта до „Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош“, ул. Кувајт, Тирана, Р. Албанија, со наслов: Апликација за проектен службеник во антената (Елбасан) на на ЗТС Струга, во рамките на Програмата Северна Македонија – Албанија до 19 јули 2023 година, најдоцна 16:30 часот. Датумот на поднесување ќе биде потврден со поштенска/курирска марка/ уплатница. Апликација поднесена по горенаведениот рок автоматски ќе биде одбиена. Изразот на интерес не може да се достави преку е-пошта.

 

Јавен повик – Практикант за програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2014 – 2020

ЈАВЕН ПОВИК

 

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворшни работи од Република Албанија, како оперативни структури на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија , во рамките на оваа програма објавуваат јавен оглас за кандидати за следната слободна позиција:

 

  • – 1 практикантво рамките на ИПА Прекугранична програма Република Северна Македонија – Република Албанија ( 1 (еден) за канцеларијата на ЗТС Струга.
  • Описот на работната позиција можете да го превземете од следните официјални веб-странции: http://ipacbc-mk-al.net; mls.gov.mk; http://punetejashtme.gov.al;

 

Кандидатите треба да ги обезбедат следните документи во електронска форма:

  • Кратка биографија (CV) ангажирани во истражувањето;
  • Копија од диплома за завршено образование ;
  • Други документи по желба.

Документите треба да се поднесат преку e-mail на следнава email адреса:

jts_mkal@yahoo.com

Краен рок за испраќање на апликација:

Заинтересираните кандидати нивните апликации да ги испратат, преку email, најдоцна до 09.04.2022 до 15:00 часот.

Ќе бидат разгледувани само апликациите кои ќе пристигнат до крајниот рок за доставување на апликации, од овој оглас.

 

Дополнителни инфомации ќе можете да добиете на следната е-маил адреси:jts_mkal@yahoo.com

 

Terms of Reference – ToR

Повик за ангажирање на Експерт за подготовка на техничките спецификации за тендерот за набавка на два соларни бродови што ќе пловат во Охридското Езеро, обезбедени од грант на ЕУ во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Албанија

Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, го објавуваат повикот за ангажирање на експерт(и) за изработка на технички спецификации за тендер за набавка на два соларни бродови што ќе пловат во Охридското езеро, обезбедени од грант на ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

За повеќе информации, ве молиме упатете се во критериумите за работен ангажман (ToR)

Краен рок за поднесување на апликацијата е 31ви Maрт 2022, преку следната електронска адреса: jts_mkal@yahoo.com

Оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охртидското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Северна Македонија – Албанија

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи од Република Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват физибилити студија за селектирање на тип на комкпанија која ќе стопанисува со два соларни бродови во Охртидското езеро, како дел од проект во рамките на ИПА прекуграничната програма Република Северна Македонија – Република Албанија

Повеќе информации за оваа активност можете да најдете во условите за работа / ангажирање на експертите (ToR)

Крајниот рок за доставување на апликациите е 31ви Maрт 2022 година, на следната е-маил адреса:jts_mkal@yahoo.com

Оглас за ангажирање на експерти кои ќе подготват студија за влијанието имплементацијата на стратегискиот проект “Охридското езеро, премостување на две земји кон една дестинација ”во рамките на ИПА прекугранична програма МК-АЛ, врз животната средина

Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија и Државната агенција за стратегиско програмирање и координирана помош од Република Албанија, објавија оглас за ангажирање на експерт/и кои ќе подготват студија за влианието на имплементацијата на стратегискиот проект “Охридското езеро, премостување на две земји кон една дестинација” во рамките на ИПА прекуграничната програма МК-АЛ, врз животната средина.

Повеќе информации за оваа активност можете да најдете во условите за работа / ангажирање на експерт/ите (ToR)

Крајниот рок за доставување на апликациите е : 31 Maрт 2022 година, на следната е-маил адреса: jts_mkal@yahoo.com