Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во соработка со Република Албанија – Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC), во рамки на активностите за имплементирање на ИПА III  Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија 2021-2027:

Министерство за локална самоуправа објавува

Јавен оглас

 за ангажирање на 1 (еден) експерт за подготовка на Базично истражување на податоци (Baseline Data Survey) за утврдување на почетните индикатори на “Техничка помош за Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија”во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија

 

За подетални информации кликнете на линкот: ToR Expert providing Baseline data Indicators of the TA1

 

Начин на поднесување на понуда

Заинтересираните кандидати треба да достават детална техничка, финансиска понуда и биографија на експертите/експертите, заедно со документи што докажуваат релевантно искуство и квалификации, најдоцна 21 ден од датумот на ова објавување, или најдоцна до 20 јануари 2026 година, на следната адреса:

Ул. „Св. Кирил и Методиј“, 54, Скопјe, 1000

Република Северна Македонија

Тел: +389 (2) 3253921

Факс: +389 (2) 3253920

Горенаведените документи треба да се достават во запечатен плик по пошта или курирска служба на адресата наведена погоре, за да пристигнат пред пропишаните рокови

 

Дополнително, истите документи мора да се испратат електронски на следната е-пошта: sonja.jovanoska@mls.gov.mk

 

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *