Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во соработка со Република Албанија – Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC), во рамки на активностите за имплементирање на ИПА III Програма за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија 2021-2027:
Министерство за локална самоуправа објавува
Јавен оглас
за ангажирање на 1 (еден) експерт за подготовка на Базично истражување на податоци (Baseline Data Survey) за утврдување на почетните индикатори на “Техничка помош за Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија”во рамки на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија
За подетални информации кликнете на линкот: ToR Expert providing Baseline data Indicators of the TA1
Начин на поднесување на понуда
Заинтересираните кандидати треба да достават детална техничка, финансиска понуда и биографија на експертите/експертите, заедно со документи што докажуваат релевантно искуство и квалификации, најдоцна 21 ден од датумот на ова објавување, или најдоцна до 20 јануари 2026 година, на следната адреса:
Ул. „Св. Кирил и Методиј“, 54, Скопјe, 1000
Република Северна Македонија
Тел: +389 (2) 3253921
Факс: +389 (2) 3253920
Горенаведените документи треба да се достават во запечатен плик по пошта или курирска служба на адресата наведена погоре, за да пристигнат пред пропишаните рокови
Дополнително, истите документи мора да се испратат електронски на следната е-пошта: sonja.jovanoska@mls.gov.mk
