Договорна страна (CA)

Договорна страна на оваа ИПА прекугранична програма 2014-2020 е делегацијата на Европската унија во Скопје.

Опертаивни структури (OSs)

Оперативни структури на оваа ИПА прекугранична програма 2014-2020 се Минстерството за локална самоуправа и Министерството за Европа и надворешни работи. Двете оперативни структури (OЅs) се одговорни за имплементацијата на оваа ЦБЦ програма, како и за координацијата и импелментацијата и на останатите ЦБЦ програми во кои двете земји се вклучени. Оперативните структури обезбедуват квалитетна имплементација на Програмата и спроведуваат нејзин мониторинг, врз основа на програмските индикатори при што вршат преглед на постигнатиот напредок во насока на оставрување на специфичните цели и останати поставени цели на програмата, согласно тематските приоритети. Оперативните структури ја поддржуваат работата на Заедничкиот комитет за следење на програмата (JMC) и за ова тело обезбедуваат потребни информации, да може истото успешно да ги спроведе неговите задачи. Оперативните структури основаа канцеларија на Зеднички технички секретаријат (JTS office), кој ќе ја поддржува нивната како и работата на Заедничкиот комитет за следење на програмата (JMC). Оперативните структури со поддршка од Заедничкиот технички секретаријат подготвуваат годишни работни планови како и годишни и финални извештаи за имплементацијата на програмата, кои содржат информации за направениот напредок при имплементацијата на тематските приоритети, специфичните цели, како и напредокот при импелемнтацијата на техничката помош, но и пробелмите на кои се наишло при имплементацијата. Оперативни структури ги подготвуваат и имплементираат одлуките на Заедничкиот комитет за следење на програмата (JMC) .

Заеднички технички секретаријат (JTS)

Заедничкиот технички секретаријат (JTS) е административно тело одговорно за секојдневното управување со имплементација на прекуграничната програма. Заедничкиот технички секретаријат им помага на потенцијаните апликанти, при изнаоѓање на партнери, ги зајакнува нивните капацитети за развивање на проекти (пр. организира информативни сесии и форуми за изнаоѓање на партнери и обуки за подготовка на апликации), органиизира обуки за корисници на грантови, ги надгледува и ја поддржува имплементацијата на нивните проекти, организира промотивни настани и други активности, наменети за информирање на јавносета за ЦБЦ програмата. Заедничкиот технички секретаријат (JTS) ја поддржува работата на оперативните структури (OСs) и на заедничкиот комитет за следење на имплементацијата на програмата (JMC), преку обезбедување на потребните / бараните информации, за да можат нормално да ги извршуваат нивните задачи поврзани со програмата, и ги подготвува и имплементира нивните одлуки. Канцеларијата на Заедничкиот технички секретаријат се наоѓа во Струга, додека неговата антена е во Елбасан.

Управувачки комитет на проектот (PSC)

Управувачкиот комитет на проектот ја надгледувва имплементацијата на договорот за услуги на техничката помош од ЦБЦ Програмата (ТАЅС),обезбедувајќи целосна координација на имплементацијата на проектот и оценувајќи го квалитетот на проектните резултати. Соработката на членовите на ова тело и нивните повратни информации, обезбедуваат технички насоки и преставуваат водич за имплементацијата на проектот воспоставувајќи соодветнна координација помеѓу заинтересираните страни Управувачкиот комитет на проектот е составен од преставници на оперативните структури (ОЅѕ), договорната страна (CA), NIPAC како и Заедничкиот технички секретаријат во улога на секретаријат.

Заедничкиот комитет за следење на имплементацијата на Програмата (JMC)

Заедничкиот комитет за следење на имплементацијата на програмата е воспоставен од земјите учеснички и е составен од преставници од релевантни ЦБЦ тела на земјите-учеснички (национални и локални власти), вклучувајќи ги тука и претставниците на двете оперативните сетуктури (ОЅѕ), кои имаат еднаков статус во ова тело, како и претставници од Делегаците на ЕУ од двете земји, кои имаат советодавна улога во работата на заедничкиот комитет за следење. Заедничкиот комитет за следење го надгледува направениот напредок во врска со остварувањето на специфичните цели, очекуваните резултати, и други останати цели поврзани со програмските тематски приоритети, предвидени во прекуграничната програма, врз база на обезбедените информации од страна на оперативните структури на земјите учеснички. Заедничкиот комитет за следење (ЈМС) е одговорен за идентификување на тематските приоритети, специфичните цели, и останати цели на крајните корисници на програмата, за секој поединечен повик за доставување на проектни предлози, и оценува и дава советодавно мислеење, за финалната листа на селектирани проекти по секој повик, пред донесување на одлуката за доделување на грант. Заедничкиот комитет за следење (ЈМС) исто така ги разгледува и одобрува годишниот работен план, планот за комуникација и видливост, годишните и финалниот извештај за имплементацијата.